Кенија во жалост, САД ќе помогнат во истрагата за нападот

Од:

Кенија од денеска е во тридневна национална жалост за жртвите на терористичкиот напад во трговскиот центар Вестгејт во Најроби.

Американски експерти помагаат за собирање докази во центарот кој четири дена беше окупиран од исламисти од сомалиската исламистичка организација Ал Шабаб.

Амбасадорот на САД Роберт Годек изјави дека неговата држава оебзбедила техничка помош.
– САД ќе помогнат, по барање на Кенија во истрагата за нападот и апсење на органзиаторите и извршителите, нагласи Годек. Се очекува денеска да се вклучат во истрагата и британски експерти.

Во моментот бројот на жртви што го соопштија властите е 67 луѓе, додека Ал Шабаб денеска на социјалната мрежа Твитер објави тврдење дека во вчерашната операција на кениските сили за безбедност со која заврши заложничката криза во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, загинале 137 заложници.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“