Кенија: Син на шеф на локална влада меѓу напаѓачите во Гариса

Од:

Еден од исламските екстремисти кои го извршија нападот врз кенискиот универзитет Гариса, при што загинаа 148 лица, е Абдирахим Мохамед Абдулахи, син на шефот на владата на округот Мандера, соопшти денеска портпаролот на кениското Министерство за внатрешни работи Мвенда Њока.

Шефот на владата не информира дека неговиот син е исчезнат минатата година и изрази загриженост дека заминал за Сомалија, изјави Њока.

Сите четворица напаѓачи се убиени од силите за безбедност на Кенија, соопшти полицијата.

Абдулахи дипломирал право на Универзитетот во Најроби во 2013 година и се очекувало да стане добар адвокат. Њока истакна дека засега не е јасно што правел Абдулахи пред да исчезне.

Според Њока од големо значење е родителите да ги информираат властите ако нивните деца исчезнат или ако покажат склоност кон екстремизам, со цел да се спречи радикализација на Кенија.

Сомалиската исламистичка милитантна организација Ал Шабаб презема одговорност за нападот на универзитетот, со образложение дека тоа е одмазда за учеството на кениската армија во борбите во Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“