Казни за имамите што венчаваат малолетници во Германија

Од:

Германското Министерство за внатрешни работи предлага казни од 1.000 евра за сите муслимански имами, кои ќе дадат дозвола за стапување во брак на деца, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според весникот „Ди Велт“, предлогот на министерот за внатрешни работи Томас Де Мезиер предвидува казни за имамите да се изрекуваат за секој брак склучен меѓу лица под 16-годишна возраст.

Владата во Берлин и предходно расправала за можна забрана за малолетнички бракови и за непризнавање на такви брачни заедници кои што се склучени во странство, но засега нема официјален став за оваа појава која стана масовна во псоледните години со зголемениот број на бегалци во Германија.

Сега малолетничките бракови се дел од агендата на специјална работна група во Министрството за правда која треба да понуди нова регулатива во оваа област.

Само летово во Германија биле склучени 361 брак меѓу деца под 14-годишна возраст со дополнителни 120 случаи на брак на деца меѓу 14 и 15 години старост.

Според германските закони за еден брак да биде правно валиден, венчаните треба да имаат најмалку 18 години, а потребан е посебна процедура и одобрение од суд за случаите каде еден од младоженците е меѓу 16 и 18 години старост.

Промената на законот бараат претставниците на двете најголеми германски партии, како и претставници на организациите за права на жените, затоа што најголем дел од жртвите на оваа традиција пренесена од Африка и Блискиот Исток се млади девојки кои присилно се венчаат со постари мажи.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија