Католичката надбискупија од Рио ја тужи РАИ за „богохулна“ реклама

Од:

Католичката надбискупија на Рио де Женеиро бара седум милиони евра отштета од италијанската национална телевизија РАИ поради „богохулна“ реклама со симболот на градот – статуата на Христос Спасителот, соопшти денеска римската адвокатска комора.

Во видео клипот статуата е „облечена“ со помош на компјутерска графика во сина маица со натпис „Италија“, која е традицонален дрес за сите национални репрезентации на „азурите“.

Надбискупијата на Рио де Женеиро смета дека рекламата е акт на богохулење и сквернавење на верниците и побарала отштета по судски пат, и покрај тоа што РАИ се извини и го запре емитувањето на видеото.

Надбискупијата ги поседува правата за користење на статуата со трговски цели. Само во последните месеци таа одбила понуди на фирма за спортска опрема, на брзилските пошти и на британски букмејкер, кои за солидни суми сакале да ја „облечат“ статуата во нивните логоа.

За разлика од нив италијанската национална телевизија дури не ни побара дозвола.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он