Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок

Од:

Ниту Катар ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас течен природен гас (liquified natural gas – ЛНГ) доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт, предупреди денеска министерот за енергетика на Катар.

САД и европските сојузници се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат рускиот гас и да го прекинат снабдувањето со енергија на Европа. Во последните недели Вашингтон ги прашуваше големите производители дали можат да го заменат рускиот гас во Европа.

– Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 проценти. Ниту една земја не може да замени таков волумен (гас), нема капацитет за такво нешто во ЛНГ, изјави катарскиот министер Саад ал-Кааби. гас во Доха.

– Поголемиот дел од ЛНГ е поврзан со јасни долгорочни договори и одредишта. Затоа е речиси невозможно да се замени толкаво количество (гас) за краток рок, објасни катарскиот министер.

Катар е еден од најголемите производители на течен природен гас во светот и, преку долгорочни договори, го продаде најголемиот дел од својот гас на клиенти во Азија, иако дел од него продава и во Европа.

Катарскиот министер објасни дека според склучените договори само 10 до 15 отсто од продадениот гас може да се пренасочи кон Стариот континент.

– Не станува збор дека не е договорен, прашање е дали може да се пренасочи. Поголемиот дел од гасот е поврзан со долгорочни договори, а 10 до 15 проценти веројатно би можеле да се пренасочат, рече Кааби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто