Катар: Хамас потврди дека го добиле лековите наменети за заложниците во Газа

Од:

Хамас потврди дека ги добил лековите и почнал да ги доставува до заложниците во Газа, соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи. Катар и Франција посредуваа во договорот меѓу Израел и Хамас во јануари за итна испорака на медицински материјали за заложниците кои ги држеше Хамас во Газа.

За возврат треба да се достави хуманитарна и медицинска помош до цивилите во таа палестинска енклава, пренесува Ројтерс.

„Катар ги доби овие сертификати како посредник во договорот кој вклучува испорака на лекови и испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, особено во најзагрозените и најоштетените области, во замена за испорака на лекови кои се неопходни за заложниците во Газа“, изјави портпаролот на катарското Министерство, Маџет Ал Ансари.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе