Република Кипар нема да и попречува на Велика Британија доколку Лондон одлучи да ги користи кипарските бази за бомбардирање цели во Ирак, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.
Тој за лондонската телевизија „Скај њуз“ посочи дека за секој напад врз цели на Исламската држава во Ирак, британската Влада треба да ја извести Никозија за користење на воената база во Акротири.
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон при посетата на Кипар во сабота најави дека Велика Британија планира да бомбардира цели во Ирак, но не изнесе детали.