Кастро: САД и Европа ги потценуваат руските граѓани

Од:

Лидерот на кубанската револуција и долгогодишен шеф на државата, Фидел Кастро оцени дека главна грешка на САД и Европа е тоа што ги потценуваат граѓаните на Русија.

-Најголема грешка на САД и Европа е тоа што ги потценуваат руските граѓани, кои својата татковина во тек на Втората светска војна ја бранеле како Спартанци-наведе Кастро.

Истакнувајќи дека на политичката карта на светот се појавиле „нови и неизбежни сили“, поранешниот лидер на Куба рече дека Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка со нивните врски со Латинска Америка, поголем број од државите во Карипскиот басен и Африка, претставуваат „сила“, која е способна да соработува со останатите држави, меѓу кои САД, државите од Европа и Јапонија.

Во врска со уривањето на малезискиот патнички авион, Кастро наведе дека рускиот претседател Владимир Путин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и останатите функционери во руската влада никогаш не би направиле таква глупост.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски