Компанијата за анти-вирусен софтвер Kaspersky објави листа на најнесигурни апликации за третото тримесечје од годината. Тоа се програмите, чие ниво на безбедност е крајно незадоволително и дури опасно. Во извештајот, објавен на официјалниот сајт на компанијата, се откриваат и многу други интересни детали.
Класификацијата на Kaspersky е направена на база на процент на корисници, чиј компјутери располагале со соодветната верзија на софтверот, во која е откриена слабоста во безбедноста. Станува збор главно за посебни “дупки” во безбедноста и за различни верзии. Затоа во неа еден производ може да се среќава по неколку пати.
На прво место на листата е вметната JAVA на Oracle. Кај неа се пронајдени проблеми кои го изложуваат компјутерот на опасност од DoS напад, преземање на контролата над системот, пристап и манипулација до податоците. Опасноста е прогласена како “силно критична”.
На второ место повторно е JAVA со уште еден проблем кој е класифициран како “исклучително критичен”. Тој обезбедува пристап до системот и овозможува извршување на команди. Се наоѓа на втората позиција, бидејќи е откриен на помалку компјутери.
Следните две места се за Adobe Flash Player. Два големи пропуста даваат пристап до системот и дури можат да ги заобиколат системите за безбедност.
На петтата позиција е Adobe Acrobat и Adobe Reader. Откриениот исклучително критичен проблем дава пристап до компјутерот.
На шестото и седмото место се соодветно Apple QuickTime и iTunes. Нивните силно критични превиди на програмерите можат да дозволат на напаѓачот да го заземе системот.
На осмото место е Winamp. Слабоста во безбедноста го изложува компјутерот на опасност од напади и преземање на контролата.
На деветтата позиција е Adobe Shockwave Player. Проблемите и тука даваат отворена врата за освојување на компјутерот.
Класификацијата се затвора повторно од Adobe Flash Player со исклучително критичен пропуст. Тој ги опкружува системите за безбедност и дава пристап до компјутерот.