„Касперски“ откри откри нов вирус што се користи за кражба на финансиски информации

Од:

Компанијата за компјутерска безбедност „Касперски“ објави дека открила нов вирус, што се користи за кражба на финансиски информации.

Новиот вирус, наречен „Гаус“, е насочен претежно кон компјутерските системи на Блискиот Исток. „Гаус“ е сличен по структура со вирусот „Флејм“, што беше откриен во мај и овозможуваше да се добие целосна контрола врз одреден компјутер.

„Флејм“ пак е структурно сличен со вирусот „Стакснет“, откриен во 2010, кој засегна голем број компјутерски системи во иранскиот нуклеарен комплекс Натанз.

Според експерти на руската компанија, „трите вируси се како пуштени од една иста фабрика“. Во март ирански експерти беа принудени да ги исклучат компјутерските системи во целата нафтена индустрија во земјата, за да ја ограничат кражбата на информации.

Иако не е потврдено, „Флејм“ и „Стакснет“ беа поврзани со напорите на САД и Израел да водат кибернетска војна со Иран.

„Касперски“ призна дека се уште не е познато која е крајната цел на „Гаус“.

Постоењето на новиот вирус беше потврдено и од други компании, кои се занимаваат со мерки за безбедност на компјутерски системи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска