Карзаи: Мула Омар може да учествува во претседателските избори во 2014 година

Од:

Лидерот на талибанското движење мула Мохамед Омар може да учествува во изборите за претседател на Авганистан во 2014 година, изјави авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Како што објави Зидојче цајтунг, Владата ќе дозволи на движењето да отвори во Катар канцеларија за избирачка кампања ако талибанците исполнат услови – да ги прекинат сите врски со Ал Каеда и да се откажат од тероризмот.

– Талибанците треба да се придржуваат до Уставот – исто како и Авганистанците кои немаат ништо заедничко со нив. Мула Омар може да се кандидра за претседател и со тоа да обезбеди можност на Авганистанците да гласаат за или против него, изјави Карзаи.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан