Карни: Политичкиот азил на Сноуден ќе ги наруши односите меѓу САД и Русија

Од:

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека ако Москва му даде политичкиот азил на Едвард Сноуден тоа ќе ги наруши односите меѓу САД и Русија.

– Давањето на азил не е во согласност со уверувањата од руска страна дека Москва не сака да ги наруши односите со Вашингтон поради Сноуден, истакна Карни.

Тој уште еднаш повтори дека Вашингтон сакаат поранешниот соработник на Агенција за национална безбедност (НСА) да биде екстрадиран во САД, каде ќе му се суди за дистрибуција на тајни информации.

Сноуден се сретна со 13 претставници на организации за заштита на човековите права на московскиот аеродром „Шереметјево“, во чија транзитна зона се наоѓа откако на 23 јуни со авион допатува од Хонг Конг.

Татјана Локшина од руската филијала на „Хјуман Рајтс Воч“ потврди дека Сноуден има намера да побара политички азил во Русија, бидејќи, како што рекол, „не може да отпатува во Јужна Америка“.

На прашањето дали Сноуден има намера да продолжи со објавување информации, Локшина изјави дека тој рекол оти „неговата работа завршила“.

Претставникот за печат на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ се уште не добил барање од Едвард Сноуден за политички азил, но дека условите за негово добивање остануваат исти како и до сега – да се откаже од активностите кои им штетат на САД.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска