Карл Билд би можел да биде именуван за премиер на Украина

Од:

Властите во Киев ја разгледуваат можноста поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд да биде кандидат за премиер на Украина, изјави неименуван украински владин претставник.

Билд е разгледуван како можен кандидат заедно со украинската министерка за финансии Наталија Јареско, гувернерот на Одеската Област и поранешен грузиски претседател Михаил Сакашвили и претседателот на Врховната рада, Володимир Гројсман.

– Претседателот Петро Порошенко активно работи Билд да биде именуван за премиер на Украина, истакна неименуваниот извор, додеавајќи оти Билд е запознат со украинската тематика, а „сега е без работа“.

Според украинските медиуми, именувањето на Билд на местото на актуелниот премиер Арсениј Јацењук ќе ја елиминира опасноста од распад на коалицијата во Врховната рада и ќе овозможи разговори со меѓународните донатори на Украина.

На 29 декември Јацењук изјави дека е подготвен да ја напушти премиерската функција, но откако „ќе ја заврши работата“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он