Откако НАТО ќе се повлече од Авганистан во 2014 година талибанците ќе воспостават исламски емират во земјата, изјави денеска лидерот на талибанците во провинцијата Конар, Кари Насрула.
– Веднаш откако странските војски ќе го напуштат Авганистан, во земјата ќе биде воспоставен претходниот ред и ќе се појави исламски емират Авганистан, истакна Насрула во интервјуто за „Дејли мирор“.
Тој тврди дека лидерот на талибанците мула Омар, кој сега се крие од властите, ќе се врати во Авганистан и ќе раководи со земјата.