Кардиналот Фарел вечерва ќе ја води церемонијата на прогласување на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело во ковчег

Од:

Кардиналот Кевин Фарел вечерва ќе ја води церемонијата на прогласување на смртта на папата Франциск и положување на неговото тело во ковчег, соопшти прес-службата на Ватикан.

Во соопштението се наведува дека церемонијата на прогласување на смртта и ставање на телото на починатиот папа Франциск во ковчегот ќе се одржи вечерва во 20 часот по римско време, објави Vatican News.

Се додава дека меѓу присутните во капелата на ватиканската Каза Санта Марта ќе бидат кардиналот Џовани Батиста Ре и членовите на семејството на починатиот папа Франциск, заедно со директорот и заменик-директорот на Дирекцијата за здравство и хигиена.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светата столица, Матео Бруни, изјави за новинарите дека телото на папата може да биде пренесено во базиликата Свети Петар во среда наутро, за да можат верниците да се молат пред неговите посмртни останки.

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа