Кардиналите за последен пат се среќаваат пред утрешната конклава

Од:

Кардиналите електорина католичката црква, вкупно 115,  денеска уште еднаш се сретнуваат во Ватикан во предвечерието на конклавата на која ќе го изберат новиот папа што ќе го наследи Бенедикт шеснаесетти, кој си поднесе оставка, пренесе ДПА.

Десетата Генерална конгрегација претставува последна можност за таканаречените Принцови на црквата да расправаат за главните прашања што ќе ги има следниот понтификат, и човекот што ќе се зафати со нив.

Дискусиите пред конклавата беа фокусирани на потребата од реформа на Куријата, папскиот совет, како и на скандалите во Ватикан, што беа исполнети со задкулисни борби и тврдења за сексуални постапки на свештениците.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека очекува „куса конклава“.

– Можам да Ве уверам дека од 115-те електори, многумина не се многу загрижени дека нивното име ќе се најде во изборот за папа, изјави Ломбарди за време на викендот, забележувајќи дека трката за папството е стеснета на само неколку имиња.

Очекувањата за брза конклава се појавија од австрискиот кардинал Кристофер Шоенборн, кој доцна синоќа ги негираше гласините за големи несогласувања меѓу електорите и типуваше дека новиот папа ќе биде избран „за неколку дена“.

Повеќето експерти во Ватикан типуваат на трка меѓу реформистите, предводени од кардиналот Анџело Скола од Милано и Марк Олет од Канада, и конзервативецот Пердо Одило Шерер од Бразил.

Компромисниот кандидат, во итен случај, може да биде кардиналот Петер Ердо од Унгарија.

Следниот папа за да биде избран мора да собере најмалку 77 гласа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска