Кардинал од Лос Анџелес лишен од сите овластувања, бидејќи прикривал свештеници педофили

Од:

Кардиналот од Лос Анџелес вчера беше лишен од неговте овластувањата, откако Римокатоличката црква објави документи според кои тој прикривал свештеници, кои извршиле напади врз деца, јави ДПА.

Кардиналот Роџер Махони, кој до 2011 година беше архиепископ на Лос Анџелес, е лишен од сите административни и јавни обврски, изјави неговиот наследник Хозе Гомес за весникот „Лос Анџелес тајмс“.

Црквата со години се обидува да ги прикрие документите за периодот од 40-тите години до денес, кои покажуваат дека цркавата правела напори да ги спречи полициските истраги за наводните напади, наведува весникот.

По наредба на судот црковните власти вчера ги објавија инкриминирачките документи. – Ги опишувам овие документи како сурово и болно четиво, нагласува Гомес во изјавата.

– Нема оправдување, нема објаснување за случаите со овие деца. Свештениците имале обврска да бидат нивни духовни татковци, а тие потфрлиле, изјави клеркот.

Објавувањето на црковните документи е дел од договорот во вредност од 660 милиони долари, постигнат во 2007 година со жртвите на свештеници педофили. До оваа недела цркавата ги држеше во тајност имињата на виновниците.

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски