Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе во Британија, според владин документ

Од:

Во месеците во кои британското општество беше во карантин, на врвот на епидемијата на коронавирусот, на секои тројца луѓе кои починале од Ковид-19, починале двајца кои не можеле да добијат помош поради рестриктивните мерки и преполнетите клиники или се плашеле да одат во болница поради епидемијата, покажува официјален документ на британската влада.

Според бројките на здравствените власти, во Британија до 1 мај починале вкупно 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветна лекарска нега, додека 6.000 починале затоа што не се јавиле на лекар од страв дека ќе се заразат со коронавирус, се вели во документот на владината Научна советничка група за итни случаи.

Податоците на Министерството за здравство и на Националното статистичко биро покажуваат и дека починале дополнителни 10.000 луѓе кои се отпуштени од болница за време на пандемијата. Телото на британската влада прогнозира дека уште 26.000 луѓе би можеле да починат во следните месеци поради мерките за карантин и рестрикциите во здравството.

Како позитивна страна на карантинот, во документот се наведува тоа што благодарение на мерките, сочувани се 2.500 животи кои би биле изгубени како последица на сообраќајни и други незгоди, загадувањето на воздухот и други причини.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот