Капетанот на фериботот „Норман Атлантик“, што вчера се запали во Јадранско Море, последен го напушти бродот, откако заврши евакуацијата на 478-те патници и членови на екипажот.
Арџилио Џакомаци го напушти бродот во 14:50 по локално време, објави на Твитер италијанската крајбрежна стража. Шеесет и двегодишниот капитен чекал да биде евакуиран и последниот член на екипажот и последниот патник, пред да го напушти оштетениот ферибот.
Во меѓувреме италијанската крајбрежна стража објави дека се откриени уште две тела, со што бројот на жртви достигна седум лица.