Кандидатите за замена на Џонсон вечерва на прва ТВ дебата

Од:

Британската министерка за трговска политика Пени Мордаунт е прва според обложувалниците, кога е во прашање кој ќе го наследи Борис Џонсон како претседател на Конзервативната партија.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас се искачи на втората позиција. Поранешниот министер за финансии, Риши Сунак, кој беше прв пет дена по оставката на Џонсон, сега се симна на третото место.

Зоастануваат останатите двајца кандидати, Кеми Беднок и Том Тугенхат, јави Би-Би-Си.

Пред вечерашната прва ТВ дебата, уредникот на веб-страницата Конзерватив хоум, Пол Гудман им поставува прашања на петте кандидати од луѓе кои се регистрирале за овој онлајн настан.

Првото прашање беше од Дејвид, кој прашува како кандидатите ќе ја обединат партијата и ќе ја вратат назад довербата на Велика Британија.

Сунак изјави дека довербата започнува со тоа да се биде искрен за предизвиците со што се соочува земјата и да не се ветуваат работи што не можат да се исполнат.

Според Мордаунт, партијата треба да се собере и да ги употреби сите свои таленти за доброто на земјата.

Беднок посочи оти довербата е да се исполнуваат ветувањата и исполнување на манифестот на партијата. Таа кажа и дека партијата треба да продолжи од Брегзит и оти е потребно да се покаже дека има повисоки стандарди од сите други.

За Тугенхат враќањето на довербата е „чист почеток“ и тој го претставува тоа.

Трас тврди дека сите конзервативци веруваат во успешна Велика Британија и во справувањето со кризата со трошоците за живот.

Џонсон си поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија, но останува премиер додека не се избере нов партиски лидер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски