„Канар аншене“ тврди дека генералот Жеоржелан задолжен за обновата на Нотр-Дам имал месечен надоместок од 14.000 евра

Од:

Кога прв пат по повеќе од два векови нема да се одржи Божиќната миса во париската катедрала Нотр Дам, неделникот „Канар аншене“ пишува дека поранешниот началник на генералштабот на француската армија, надлежен за надгледување на реконструкцијата на опожарената катедрала побарал од Владата месечен надоместок од 14000 евра, тој тоа го демантира.

Според неговите блиски, Жан-Луи Жеоржелен не побарал ништо од владата која треба да го утврди надоместокот.

Колку треба да биде платен претседателот на јавна установа, особено за толку многу престижна мисија како таа за обнова на Нотр Дам де Париз по пожарот на 15 април е прашањето кое го поставува сатиричмиот неделник и според неговото најново издание, генералот Жеоржелен, назнчаен од Емануел Макрон да го надгледува работењето на консолидацијата и реконструкцијата, „побарал бруто плата од 14.000 евра месечно“. Неделниот нагласува дека овој надоместок би требало да биде додаден на неговата пензија, која изнесува од прилика над 5000 евра.

Во опкружувањето на Жан-Луи Жеоржелен, информациите објавени од неделникот беа категорично демантирани. Според нив, генералот никогаш не „барал“ таков третман. Написот во „Канар аншене“ не го кажува ниту можното ниво за надомест на неговиот претседател, ниту начинот на кој ќе се направи тоа “. Платата е утврдена „во согласност со регулаторната рамка“ од страна на владата, исто така се потсетување дека „за време на првиот одбор на директори“, Жан-Луис Жеоржелен се обврза да управува со јавниот естаблишмент на „примерен и транспарентен“ начин.

Основано во декември, со јавното претпријатие претседава поранешниот началник на генералштабот на француската армија, кој е помоган Филип Јост, како заменик-генерален директор. Тие се одговорни за четириесет лица. Управниот одбор, покрај генералот, вклучува дванаесет члена: шест што ја претставуваат државата, вклучувајќи го и префектот на Ил де Франс, градоначалникот на Париз, надбискупот на Париз, претставник на персоналот и трите „квалификувани личности “: Кристин Албанел, поранешен министер за култура, Бруно Расин, поранешен претседател на Националната библиотека на Франција и Центарот Помпиду и Жан-Пјер Вајс, поранешен директор на јавната установае на Палатата на правдата на Париз.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано