Семејство од канадската провинција Онтарио решило од своите животи да ги исфрли мобилните телефони, компјутерите и другите современи уреди и една година да живеат без модерна технологија.
Блер Мекмилан и неговата партнерка Морган Пети, заедно со синовите Треј и Дентон, решиле да се препаваат дека живеат во 1986, односно во годината на раѓањето на Блер и Морган.
– Без мобилни, без интернет, без компјутери. Сакав во домот да биде се онака како што беше кога растев. Поголем дел од денот минував надвор, си играв надвор, раскажува Блер.
Тој вели дека оваа идеја му паднала на памет откако нивниот двогодишен син почнал да ги имитира како да зборува на телефон и се повчесто да седи пред компјутерот со неговиот петгодишен брат.
Блер нагласува дека сега неговото семејство нормално појадува, а децата си играат во дворот со нивното куче.
– Сега сме постојано активни. Претходно јас бев виновен. Ќе им го пуштевме телевизорот на цртани филмови 24 часа и тоа беше тоа, додава Блер.
Семејството „ќе остане во 1986-та“ до април 2014 година.