Канадската полиција ја истражува смртта на пет лица како последица на експлозијата на подморницата Титан.
Началникот на канадската полиција Кент Осмонд потврди дека полицијата ги истражува околностите на нивната смрт.
Делови од подморницата беа откриени на дното на Атлантикот во четвртокот, недалеку од потонатиот брод Титаник, по кој петчлениот екипаж тргна да го обиколи.
Американската крајбрежна стража соопшти дека подморницата доживеала катастрофална експлозија, при што загинале сите членови на екипажот.
Канадската полиција води кривична истрага бидејќи бродот кој ја наведуваше подморницата дошол од Њуфаундленд и пловел под канадско знаме, пренесува Sky News.
Покрај британскиот истражувач Хамиш Хардинг, во подморницата беа уште еден од најбогатите луѓе во Пакистан и неговиот син тинејџер, извршен директор на компанијата сопственик на подморницата и француски истражувач.