Канада воведе дополнителни санкции кон Иран

Од:

Канадската Влада соопшти денеска дека вовела нов пакет санкции против иранските организации и официјални лица обвинети за соучесништво со режимот и „неговото брутално задушување на храбрите ирански гласови“.

– Канада се солидаризира со иранскиот народ, кој продолжува да трпи сериозни прекршувања на неговите најосновни човекови права, рече канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

Според неа, иранските власти треба да престанат да ги задушуваат протестите.

Иранското правосудство денеска соопшти дека извршило три смртни казни. Тие погубувања доаѓаат 48 часа по бесењето на двајца демонстранти обвинети за убиство на паравоен припадник за време на протестот.

Канадските власти воведоа санкции против фондација блиска до иранските власти која финансира високи функционери и влијае на внатрешната политика во Иран. Фондацијата „15 Кордад“, која со години нуди награда за убиството на писателот Салман Ружди, е цел на американските санкции.

Санкции беа воведени и против некои ирански медиуми поради ширење дезинформации и пропаганда на режимот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он