Канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд одлучи дека треба да ги затвори амбасадите во Судан, Египет и Либија за еден ден, поради безбедносни причини.
„За да се осигура безбедноста на канадскиот тим, ние ќе ги затвориме своите амбасада во Каиро, Триполи и Картун за еден ден“, изјави портпаролот на министерството Рик Рот.
Тој додаде дека будно ги следат состојбите во светот и иако насилството е насочено главно кон американските амбасади, сепак и Канада ќе ги превземе потребните мерки за да се одбрани од евентуалните можни напади.