Канада подготвена за конфронтација со Русија за Арктикот

Од:

Канада е подготвена за конфронтација со Русија доколку официјална  Москва ги зголеми амбициите за регионот на Арктикот, изјави канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд.

– Ние сме многу загрижени, но и одлучни да го браниме суверенитетот на Канада на Арктикот. За нас тоа е стратешки приоритет. Поврзано со милитаризацијата на тој регион, за која можеме да сведочиме, повеќе би сакале тензиите да бидат намалени, но јасно е дека ќе го браниме нашиот суверенитет, посочи Берд.

Русија минатата година по долго време повторно ја отвори затворената воена база на Новосибирскиот Архипелаг, до североисточниот брег на Русија. Москва потоа испрати воени бродови и мразокршачи, кои се дел од одбранбениот систем.

Канада на почетокот од летото тврдеше дека руски воен авион премногу се доближил на канадскиот воздушен простор, па Отава мораше да испрати воени авиони.

– Со децении сме сведоци на руските провокации на Арктикот, така што тоа не е ништо ново. Мислам дека не треба да бидеме премногу мирни, бидејќи од доаѓањето на власт на претседателот Владимир Путин видовме постепено зголемување на агресивноста на неговата влада кон соседите и постепен раст на воена одлучност на земјата, истакна Берд.

Би можело да ве интересира

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина