Канада обезбеди девет милиони долари за жртви во насилства на екстремисти

Од:

Канада објави дека ќе обезбеди девет милиони долари за помош на жртвите на сексуално насилство и кршење на човековите права извршени од припадници на екстремистичката група Исламска држава.

Канадскиот министер за надворешни работи Џон Берд пред Парламентот изјави дека за време на летото околу 150 жени и девојки, во најголем дел христијани и припадници на јазеиди, се испратени во Сирија како награда на борците на ИД или се продадени како сексуални робинки.

Половина од парите ќе бидат насочени за отворање истрага за силувања и кршење на човековите права, а останатиот дел за превенција на сексуално насилство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка