Канада обезбеди 23,5 милиони долари за вакцина против ебола

Од:

Канадските власти објавија дека ќе обезбедат 23,5 милиони канадски долари за истражување и изработување вакцина за лекување ебола.

– Средствата ќе помогнат за организирање и извршување клинички анализи на вакцина против ебола и за создавање залихи од вакцината, изјави министерката за здравство Рона Амброуз.

Канада во петокот одлучи да запре со издавање визи за луѓе oд трите најпогодени држави од ебола во Западна Африка – Сиера Леоне, Гвинеја, Либерија. Во Канада нема засега случаи на инфицирани лица со ебола. Канада даде лиценца на калифорниска фармацевтска компанија за производство на лекот ЗМап што се користеше ова лето за лекување двајца американски здравствени работника.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски