Канада ќе преземе во тековната година 1.200 бегалци јазиди од Ирак

Од:

Канада ќе преземе оваа година 1.200 бегалци јазиди, прогонува во Ирак од Исламска држава, изјави министерот за имиграцијата, Ахмед Хусен.

Четиристотини јазиди бегалци веќе пристигнале на канадска територија.

Оваа иницијатива следува по усвоената одлука есента минатата година во Парламентот, со која се предвидува прием на јазиди, кои бегаат од ИД во северен Ирак, што според Отава претставува геноцид.

Вниманието на канадските власти е пред се насочено кон жените и девојчињата јазиди, појасни министерот.

– Но нашите напори покажаа дека ИД ги заробува и момчињата, поради што ние ќе им помогнеме на сите деца, кои се спасиле од ИД, рече министерот.

Бегалците јазиди ќе пристигнат со цивилни авиони со регуларните летови. Иницијативата канадските власти ќе ги чини 28 милиони канадски долари (20 милиони американски долари).

Од доаѓањето на власт на премиерот Џастин Трудо во ноември 2015 година Канада прими над 40 илјади сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски