Канада ќе ја признава државата Палестина во септември

Од:

Канада има намера да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, изјави канадскиот премиер Марк Карни.

Тој рече дека одлуката се заснова на спроведувањето на реформите од страна на Палестинската самоуправа, вклучително и фундаменталната институционална реформа, и одржувањето на општи избори во 2026 година во кои Хамас нема да учествува, објави Ројтерс.

Генералното собрание на Обединетите нации во вторник ја заврши конференцијата за унапредување на решението за две држави, при што земјите учеснички го повикаа Израел да се посвети на палестинска држава, давајќи ја својата „непоколеблива поддршка“ на решението за две држави и сигнализирајќи широка меѓународна решителност за ставање крај на еден од најдолгите конфликти во светот.

На конференцијата, исто така, беше презентирана и „Њујоршката декларација“, план за ставање крај на речиси осумдеценискиот конфликт и тековната војна во Газа, која треба да кулминира со создавање независна, демилитаризирана Палестина која ќе живее мирно покрај Израел и ќе биде интегрирана во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Британскиот премиер Кир Стармер вчера објави дека Велика Британија би можела да признае палестинска држава во септември, освен ако Израел не ја подобри ситуацијата во Газа и не преземе чекори кон мир.

Франција, исто така, неколку дена претходно објави дека ќе признае палестинска држава без никакви услови, а изјавата на Стармер ја охрабри Малта да го стори истото.

Од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, Норвешка, Шпанија, Ирска и Словенија ја признаа Палестина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Карни: Канада не живее благодарение на САД, таа напредува затоа што сме Канаѓани

Дмитриев: По Гренланд, дали Канада е следна?

Канада се подготвува за војна: „Муџахедините покажаа како треба против Американците“

Катерина Ѓуровски

Канаѓанец убиен во протестите во Иран: „Страдаше од рацете на режимот“

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава