Камионите со руска помош најрано утре изутрина ќе ја минат украинската граница

Од:

Камионите со руска хуманитарна помош за жителите во источна Украина ќе ја минат украинската граница најрано утре во шест часот по локално време (пет часот по средноевропско време), јави ИТАР-ТАСС.

Во моментов првите пет камиони од конвојот, што ги минаа царинските и безбедносни проверки на граничниот премин „Доњецк“, во меѓуграничната зона очекуваат дозвола да влезат на територијата на Украина.

Претходно денеска шефот за оперативни активности на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) за Европа и Централна Азија, Лоран Корба, во Москва изјави дека МКЦК ги презел сите неопходни административни и подготвителни мерки за минување на границата на рускиот конвој.

Корба изрази надеж дека хуманитарниот конвој утре во полн состав ќе може да влезе на украинска територија. 

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци