Камион удри во aвион на лондонскиот Хитроу, возачот ги „измеша“ сопирачката и гаста

Од:

Камион удри во патнички авион „Боинг“ 787-9 на „Сауди Арабиан ерлајнс“ на аеродромот Хитроу правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, објавува „Мирор“.

Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој удри во авионот откако ги „измеша“ сопирачката и гаста. Ова се случи само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се истоварија на Терминал 4 на лондонскиот аеродром.

Ракувачите со багаж на местото на настанот опишаа како возачот ги помешал педалите на камионот и ја предизвикал штетата.

Авион нема да може да лета подолго време бидејќи мора да се заменат делови за да лета безбедно, објаснија од компанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иранците ја погодија американската база во Саудиска Арабија; Уништени се пет танкерски авиони

Предраг Петровиќ

По два дена полета првиот авион од Абу Даби

А1он

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски