Камерун: Киндапирани четири француски деца

Од:

Седум француски туристи, вклучувајќи и четири деца киднапирани се денес во северен Камерун, на границата со Нигерија.

Веста ја потврди и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој денес се наоѓа во Атина.

Извор од француската амбасада рече дека наоружани луѓе, кои се претпоставува дека биле на мотори, киднапирале седум француски туристи во камерунската област, Даданга.

Туристите според првичните информации се враќале од резерватот Ваза.

-Станува збор за три возрасни лица и четири деца, рече извор од камерунската полиција и додаде дека полицијата е во потрага по киднаперите, долж границата со Нигерија.

Еден извор од резерватот Ваза истакна дека туристите вчера го посетиле резерватот, преноќиле во туристичкиот центар, а изутрината си заминале.

Ова е прво киднапирање на западни туристи во Камерун.

Францускиот претседател Оланд потврди дека „позната“ терористичка група од Нигерија киднапирала седум Французи.

-Најверојатно е дека тие се одведени во Нигерија. Правиме се што можеме да не бидат задржани таму – рече Оланд.

Во декември 2012 година францускиот инженер Франсоа Колон беше киднапиран во Нигерија.
За неговата киднапираност одговорност презеде нигериската исламистичка група Ансару.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано