Камерите на Касини снимија гејзер на Енцелад

Од:

Камерите на вселенската сонда Касини снимија во гроплан еден од гејзерите на месечината на Сатрун, Енцелад.

Американската вселенска агенција (НАСА) објави фотографии од малиот леден природен сателит на Сатрун.

Сондата зумирала низ водената пареа и честчките мраз кои избиваат од потповршинскиот океан Енцелад.

Американско-европската сонда Касини била на оддалеченост од 45 километри од јужната поларна област на месечината, движејќи се со брзина од приближно 30.500 километри на час.

Мерењата на гејзерот се уште пристигнуваат од Касини, која орбитира околу Сатрун и потребни се две недели да се анализираат податоците.

Научниците веруваат дека под заледената површина на Енцелад се наоѓа глобален океан со течна вода.

Енцелад е откриена од германско-британскиот астроном Вилхелм Јершел во 1789 година, а името го доби по гигант од грчката митологија.

Сондата Касини е лансирана во 1997 година како здружена мисија на вселенските агенции НАСА/ЕСА/АСИ, а нејзината задача е да го проучува Сатрун и неговите сателити.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ