Специјалниот одред на камбоџанската полиција за заштита на малолетници вчера го уапсила австралискиот тур-оператор Тревор Лејк во чие „студио“ запленила три камери и повеќе компјутери со кои тој снимал и продавал филмови са порно содржина во која за актери биле ангажирани малолетници.
Полицијата го открила педофилот од како малолетно девојче се пофалило дека заработувало пари од секси сцени во неговиот апартман. Австралијанецот се соочува со казна од најмалку 10 години затвор.
Камбоџа долго време важеше за „ рај за педофилите’’. По рушењето на власта под контрола на „Црвените кмери’’, во 2003 година Камбоџа донесе закон и формираше специјални полициски единици за борба против педофилија. Од тогаш во таа држава се уапсени стотина педофили, од кој најголем број биле странци.
Во Пном пен сметаат дека и строгите казни за педофилите не се причина тие да се откажат од нивните намери да ги искористат сиромашните и наивни момчиња и девојки да им бидат орудија во профитабилната филмаска порно индустрија.