Камбоџанската опозиција бара целосна вистина за режимот на Црвените кмери

Од:

Камбоџа денеска скромно ја одбележува 40-годишнината од влегувањето на Црвените кмери во главниот град Пном Пен.

Преземањето на градот на 17 април 1975 година го означува почетокот на терористичкиот режим и опозицијата инсистира да се открие целата вистина за него, пренесуваат француските медиуми.

-Должни сме да побараме правда за сите жртви, изјави лидерот на опозицијата Сам Ренси пред неколку стотици лица собрани да им одадат почит на двата милиона Камбоџанци, кои беа убиени од режимот на Црвените кмери (1975-1979 година).

„Штом не сме сториле ништо лошо не треба да стравуваме од откривање на вистината, додаде тој на церемонијата, организирана од неговата партија по повод годишнината.

По говорот Ренси се поклони пред черепите, чувани во меморијалниот музеј Чун-Ек, попознат како „Полињата на смртта“, што всушност се масовни гробници во предградијата на Пном Пен.

Властите не испратија свој претставник на настанот, а не се оддржа ниту некаква официјална церемонија во спомен на жртвите.

Премиерот Хун Сен, некогаш, исто така, еден од Црвените кмери, во име на националното единство ја искритикува тенденцијата да не се
забораваат трагичните настани и се изјасни против организирањето на нови судски процеси.

На крајот на март против поранешен функционер на Црвените кмери беше покренато обвинение од специјалниот суд во Пном Пен, што работи под патронат на ОН и треба да им суди на злосторствата во тој период.

Меѓу мноштвото луѓе, учесници во поклонувањето на „Полињата на смртта“, имаше многумина преживеани од репресиите на режимот,
од кои некои ја преживеале и принудната евакуација од Пном Пен на 17 април 1975 година. Тогаш градот, без отпор, падна во рацете на Црвените кмери по петгдишна граѓанска војна и бомбардирања на САД во Камбоџа, покрај актуелната војна во соседен Виетнам.

Двомилионскиот град итно беше евакуиран и многу луѓе умреа по патот, покосени од замор.

Специјалниот трибунал во Пном Пен досега осуди неколкумина високи раководители на кмерскиот режим, со исклучок на лидерот Пол Пот, кој почина пред да биде изведен пред судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска