Камбоџа ќе го депортира коосновачот на Pirate Bay

Од:

Камбоџа ќе го депортира коосновачот на Pirate Bay, кој е еден од најголемите светски сајови за слободна размена на фајлови, кого Шведска го обвини и осуди на затвор за прекршување на законите за авторско право, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на полициски службеник.

Бараниот Готфрид Свартхолм Варг (27), живее во камбоџанската престолнина Пномпен, каде минатата година беше уапсен на барање на Стокхолм.

Полицискиот службеник прецизирал дека Варг ќе биде депортиран според силата на камбоџанското имиграциско законодавство, додавајќи дека одлуката била донесена по преговорите меѓу камбоџански и шведски претставници. Камбоџа и Шведска немаат спогодба за екстрадиција и не се знае каде Варг ќе биде испратен.

„Само знаеме дека ќе го депортираме. Но во која земја, тоа е работа на шведските власти. „Пират Беј“, создаден во 2003 годона, предлага линкови кон музички и филмски фајлови во компјутерите на другите корисници на сајтот“.

Шведски претставништва на познати музички и филмски компании оваа компанија ја дадоа на суд заради загуба на приходи. Медиумски групи презедоа чекори за блокирање на сајтот во нивните земји, вклучувајки ја Холандија и Финска.

Компанијата „Пират Беј“ инистира на тоа дека во нејзините сервери нема складирани производи за кои се бара авторско право, и не извршувале размена на фајлови, така што тој не може да сноси одговорност. Апелациски суд во Шведска во 2010 година осуди три лица, поврзани со „Пират Беј“, на затворски казни меѓу четири и 10 месеци, плус парична казна. Варг не се појави на судскиот претрес заради заболување и пресудата против него беше одложена. На пониска инстанца тој во 2009 година доби една година затвор.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска