Камбоџа ги затвори градинките и училиштата поради смртоносниот вирус

Од:

Во Камбоџа денеска се затворени сите детски градинки и основни училишта со цел да се спречи ширењето на смртоносниот вирус, кој предизвикува тешка форма на заболување на рацете, стапалата и устата.

Од болеста предизвикана од овој вирус од април, па досега во Камбоџа починаа најмалку 54 деца, од кои најголемиот дел на возраст до три години. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во споменатиот период од болеста во оваа држава во југоисточна Азија заболеле вкупно 61 дете.

СЗО минатата недела соопшти дека испитаните примероци од починатите деца покажале дека тие биле инфицирани со ентеровирусот 71, кој предизвикува смртоносна форма на заболување на рацете, стапалата  и устата и кој релативно често се јавуваат во Азија.

Орагизацијата предупреди дека лекувањето со стероиди се покажало како погрешно, затоа што само се влошила состојбата на пациентите кои страдаат од висока температура и респираторни проблеми.

Минатата неделе тајландските власт затворија 22 училиштеа во Бангкок, како мерка за спречување на ширењето на оовј вирус, но од денеска сите, освен три, се повотрно отворени.

Болеста на рацете, стапалата и устата е заразна и се пренесува директно со контакт со заболените или со доаѓање во допир со негова телесна течност или столицата. Експертите истакнуваат дека оддржувањето на хигиена е најдобра заштита од оваа болест.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска

Најмалку 19 загинати во пожарот во казино во хотел во Камбоџа

А1он

ВИДЕО: Огромен пожар во хотел во Камбоџа, луѓето скокаа од прозорците, најмалку 10 мртви

Ана Ололовска

Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во Камбоџа

А1он

Меѓународната трговија на Камбоџа се зголеми на 37 милијарди долари од јануари до август

Ана Ололовска