Жителите на северна Калифорнија се во состојба на подготвеност до вторник поради зголемена можност од силен земјотрес, соопштија официјални лица.
– Такви предупредувања обично се соопштуваат еднаш или двапати годишно, изјави претставник од Кабинетот на гувернерот задолжен за вонредни ситуации.
Експерти предупредуваат дека веројатноста за земјотрес со интензитет од 7 степени или посилен во областа Сан Андреас е еден спрема 100 и засилената веројатност важи до вторник.
Гувернерот Џери Браун одобри закон со кој е развиен систем за предупредување на граѓаните. Предупредувањата ќе ги добиваат граѓаните на своите мобилни телефони, преку радио станици и други уреди.