Калас: Усвоен е 17-тиот пакет санкции против Русија, нашиот одговор ќе биде уште построг

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ го усвоила 17-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон речиси 200 бродови од таканаречената руска „флота во сенка“.

– Новите мерки, исто така, се однесуваат на хибридните закани и човековите права. Во подготовка се дополнителни санкции против Русија. Колку подолго Русија води војна, толку построг ќе биде нашиот одговор, напиша Калас на X.

Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на Европската Унија се состанаа денес во Брисел, каде што разговараа за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, како и за одбранбените капацитети на Унијата.

Министрите за надворешни работи разговараа за 17-тиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради војната на Русија во Украина, а во фокусот на дискусијата беше таканаречената руска „флота во сенка“, според официјалната веб-страница на Европскиот совет, пренесува Танјуг.

Советот, исто така, ќе ја разгледа воената поддршка на ЕУ за Украина, по неформалната презентација на украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров преку видео врска, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат и за најновите случувања на Блискиот Исток и во Сирија.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Каја Калас: Америка сака да ја подели Европа

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“