Ноќта помеѓу 31 октомври и 1 ноември, во поголемиот дел од светот се прославува – Ноќта на Вештерките, односно Halloween. Погледнете од каде потекнува традицијата на прослава на овој ден и како тој се слави во некои држави.
Ирска
Во лулката на овој празник, Ноќта на Вештерките и понатаму секоја година се дочекува со возбудување и се слави со огномет, кикиритки и овошна торта со разни амајлии. Ако добиете парче со прстен ве чека романса во блиска иднина, паричката значи дека ќе добиете богатство, но ако добиете парче облека ќе биде подобро да го „затегнете ременот“.
Романија
Во оваа земја, Ноќта на Вештерките е голема атракција за туристите кои се во потрага по возбудување и морници поврзани со Дракула. Неколку тури ги водат туристите во Трансилванија во потрага по вампири и Дракула.
Мексико
Гробиштата се голема атракција за време на Денот на мртвите (Día de los Muertos) во Мексико. Тоа е домороден празник кој ги слави починатите предци и се почитува со илјадници години наназад. Кога Шпанците почнале да го шират христијанството во оваа земја, овој празни е поместе за да се поклопи со денот на Сите Светци и Задушница кои се паѓаат на 2 ноември, па оттука и блиската врска со Ноќта на Вештерките. Вообичаениот ритуал подразбира носење на маски во форма на череп, Астеките првобитно ги чувале и ги изложувале черепите на саканите, првале мали светилишта украсени со цвеќе, свеќи, слики и храна за мртвите.
САД
Во САД, Ноќта на вештерките подразбира маскенбал, носење на слатки од врата до врата, забави во кои задолжителен декор се тиквите, посети на проколнати куќи, шеги и слично. Едно од фантастично застрашувачки искуства можете да доживеете во поранешниот филаделфиски затвор, Eastern State Penitentiary во кој секој година се изведува реконструкција на атмосферата од проколната куќа.