Како говорот на Нетанјаху во Конгресот ќе ги стави во опасност американско-израелските односи

Од:

Гардијан – Лондон

Јасно видливите американски укори, од одбивањето на Обама за средба до обвинувања дека не вреди да и се верува на израелската влада, се случуваат неколку недели пред Нетанјаху да се соочи со неизвесни избори.

Белата куќа агитира во поддршката на опонентите на Бенјамин Нетанјаху на израелските избори следниот месец, додека неговиот план да ја нападне политиката на Барак Обама за Иран на обраќањето во американскиот конгрес продолжува да му се враќа на израелскиот премиер.

Администрацијата на Обама смисли серија на многу видливи укори за Нетанјаху – од одбивањето за посета на Белата куќа и умерени обвинувањата дека на израелската влада не треба да и се верува до понижувачкото протекување на информации за новите ограничувања на размена на разузнавачки податоци – само на неколку недели пред израелскиот лидер да се соочи со тесни општи избори.

Високи претставници на админстрацијата, меѓу кои се и потпретседателот Џо Бајден и американскиот државен секретар Џон Кери, укажаа на ова со средбите со израелските опоизициски лидери, кои го користат спорот за да го опишат Нетанјаху дека ги става во опасност односите со најважниот сојузник на Израел.

Бајден, кој е исто така претседател на американскиот Сенат, и неколку членови демократи во Конгресот, ќе бидат сомнително отсутни од говорот, во кој изралескиот премиер се очекува жестоко да ги обвини Барак Обама дека е измамен од Иранците во преговорите околу нуклеарната програма на Техеран, и за ставање во опасност на егзистенцијата на еврејската држава.

Арон Дејвид Милер, кој работел за шестмина американски државни секретари како советник за арапско-израелските преговори, вели дека конфронтацијата одбележува понатамошно влошување на веќе нефункционалните односи помеѓу Обама и Нетанјаху. Но Милер, кој е сега портпретседател на Центарот Вудроу Вилсон во Вашингтон, вели и дека радорното работење на изралескиот лидер и даде повод на администрацијата „да се обиде да демонстрира колку американско-израелските односи се нефункционални на врвот заради Нетанјаху“, и за можноста да се изврши притисок за „промена на режимот“.

– Ако ги прашате Џон Кери и Обама приватно кого сакаат да видат за следен премиер на Израел, тоа нема да биде Нетанјаху. Тие ја избираат изралелската опозициска Лабуристичка партија. Тука нема никаква дилема. Оваа игра, онака како што јас ја разбирам, им, даде повод за тоа“, рече тој.

Милер вели дека овој спор беше искористен како обид да се посрамоти Нетанјаху пред израелскиот електорат со негово портретирање како безвереден за доверба, и за ставање во опасност на најважните дипломатски односи на израелската држава.

Белата куќа е посебно чувствителна што изралескиот амбасадор во Вашингтон, Рон Дермер, и Џон Боенер, републиканскиот спикер во Домот на претставници, конспиративно закажале говор на заедничкиот состанок на Конгресот без да ја консултираат администрацијата. Демократите го обвинуваат Боенер дека му поставува заседа на претседателот, и како притисок од републиканците – со подршка на произраелското лоби во Вашингтон – да се заострат санкциите против Иран, потег за кој Обама предупреди „дека ќе биде се освен гаранција дека дипломатијата пропаднала“.

Но токму Дермер, кој е роден во САД и работел како републикански политички оперативец пред да се пресели во Израел, е тој кој вршел притисок за обраќањето на Нетанјаху во Конгресот. Нетанјаху го бранеше говорот како легитимен обид да се сопре Обама од правење отстапки за Иран, за кои израелскиот лидер вели дека му даде шанса на Техеран да може да направи нуклеарно уружје.

– Одам во САД не затоа што барам конфронтации со претседателот, туку за да зборувам за самото опстанување на мојата земја, твитна Нетанјаху.

Но предупредувањата на Нетанјаху за неизбежната закана од Иран, кои веќе се сметаат за сомнителни, а уште повеќе ќе бидат обезвреднети со откритијата на Гардијан дека израелската разузнавачка служба Мосад – се контрадикторна со неговите тврдења во Обединетите нации во 2012, дека Техеран е околу една година одалечен од конструирањето на нуклеарно оружје.

Првите демократи го опишаа тајмингот за говорот како „разжестен“ обид од израелскиот премиер за да ја засили поддршката за него на парламентарните избори на 17 март, како и за обид за да се обезбеди муниција за републиканците да го нападнат Обама.

Минатата недела, Белата куќа невообичаено директно ја нападна израелската влада обвинувајќи ја за нечесност, заради селективното пуштање информации во врска со иранските нуклеарни разговори во израелскиот печат, како обид да се дискредитираат преговорите.

– Гледаме дека постои континуирана пракса за селективно одбирање делчиња од информации и нивно користење во контекст да се измести преговарачката позиција на САД, рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. „Нема сомнение дека некои од нештата кои израелците ги рекоа во карактеризирањето на нашата преговарачка позиција се неточни“.

Тоа доведе САД не само да преземат невообичаени чекори во огранилување на размената на разузнавачки информации на безбедносната конфереција во Германија, во јасен укор за тоа што израелскиот премиер. Нетанхају ќе се обрати во Конгресот со сомнително празно столче зад него, затоа што Бајден ќе оди на набрзина договорено патување во Јужна Америка. Мал број на конгресмени рекоа дека ќе го бојкотираат обраќањето на Нетанјаху.

-Сите овие нешта се намерно оркестрирани, рече Милер. „Прво, за да покажат колку се возменирени од оваа покана за обраќање, и второ, за го искористат фактот за да демонтсриаат пред израелските бирачи дека Нетанјаху погрешно ги води“.

Двајца високи сенатори демократи, Даен Фејстејн и Ричард Дарбин, неделава на Нетанјаху му напишаа предупредување дека неговиот говор „се заканува да го подрие важниот двопартиски пристап кон Израел“.

-Со тоа се жртвува длабоката и добровоспотавена соработка со Израел за краткорочни партиски поени – нешто што не смее никогаш да се прави во израелската безбедност и за кое стравуваме дека ќе има долготрајни реперкусии, напишаа сенаторите во писмто.

Хауард Дин, поранешен претседавач со групата на демократите во Конгресот, на почетокот на месецов беше невообичаено остар за американски политичар во неговиот опис на израелскиот премиер како „каастрофа“.

-Не му верувам на Нетанјаху. Мислам дека не му мисли добро на Израел, рече тој за Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Анкетите на јавното мислење во Израел покажуват поделеност во јавноста во врска со обраќањето во Конгресот со широко распространет сомнеж дека Нетанјаху е го искористи за добивање предност на изборите. Лидерот на Лабуристичката партија, Исак Херцог – кој води заеднчка кампања со другите опозициски партии под знамето на Ционистичката унија, го нарече говорот на Нетанјаху „стратешка грешка“ и го обвини премиерот дека ќе го искористи во свој личен „политички интерес“.

Захава Гал-он, лидерот на малата левичарска партија Мерец, го обвини премиерот за „загрозување“ на израелските односи со САД.

Партијата Ликуд на Нетанјаху одврати со рекламна кампања каде се вели дека ако основачот на модерен Израел, Давид Бен Гурион, ги послушал стејт департментот на САД во 1948 година, тогаш државата никогаш немала да биде родена.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци