Каја Калас за нападот врз резиденцијата на Путин: „Неосновани тврдења од страна на агресорот“

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека тврдењето на Русија дека Украина неодамна ги таргетирала клучните владини објекти во Русија е намерно одвлекување на вниманието.

„Москва има за цел да спречи вистински напредок кон мирот од страна на Украина и нејзините западни партнери“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.

Според неа, „никој не треба да ги прифаќа неоснованите тврдења на агресор кој неселективно ја таргетира украинската инфраструктура и цивилите од почетокот на војната“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник изјави дека режимот во Киев започнал терористички напад користејќи 91 беспилотни летала со долг дострел врз државната резиденција на претседателот на Руската Федерација во регионот Новгород во ноќта меѓу 28 и 29 декември.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли овие тврдења, велејќи дека Русија се обидува да го поткопа напредокот во преговорите меѓу Украина и САД за завршување на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Путин денеска се среќава со Виткоф и Кушнер

„Блумберг“: Русија му верува на зетот на Доналд Трамп

Лавров: Додека Русија нуди дијалог, Западот притиска врз Вашингтон

Европа во страв: Руските нуклеарни закани предизвикуваат загриженост

Русија го поддржува Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Сè зависи од него: Човекот на Путин пристигнува во Давос

Горан Наумовски