Каја Калас за американското соборување на Мадуро: Тој немаше легитимитет

Од:

Европската Унија се огласи по соборувањето на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, велејќи дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и ги повикува сите страни на воздржаност.

Високиот претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави дека разговарала со американскиот министер за надворешни работи, Марко Рубио, како и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „Европската Унија внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела“, рече Калас.

Таа потсети дека ЕУ постојано нагласува дека Николас Мадуро нема легитимитет и дека Брисел постојано се залага за мирна политичка транзиција во таа земја.

„Во сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Повикуваме на воздржаност“, рече Калас.

Би можело да ве интересира

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“