Каиро изненаден од одлуката на Лондон да ги прекине воздушните врски со Шарм ел Шеик

Од:

Каиро е изненаден од одлуката на Велика Британија да ги прекине воздушните врски со Шарм ел Шеик по катастрофата со рускиот авион на Синајскиот Полуостров.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Хасан Шукри го повика денеска Лондон да не донесува избрзани одлуки.

– Во тек е истрага, не е во ред да се избрзува и да се преземаат мерки, кои може да имаат последици, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Портпаролот на претседателскиот кабинет во Египет, Ала Јусуф исто така ги повика британските власти да ги почекаат официјалните резултати од истрагата.

– Се надевавме дека ќе ги почекаме официјалните резултати и дека нема да донесуваме непромислени решенија, додаде тој.

Лондон вчера објави дека на неодредено време ги укинува сите летови од Шарм ел шеик до Велика Британија и обратно поради сериозните сомневања на Владата дека падот на рускиот авион во Синај е предизвикан од експлозивна направа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден