Кадом ал-Џабури жали што ја урна статуата на Садам Хусеин

Од:

Пред 10 години, ирачанецот Кадом ал-Џабури ги обиколи насловните страници на светските медиуми, кога со чекан тргна да ја крши статуата на Садам Хусеин во Багдад. За Блер и Буш сликата дојде во идеално време и беше протолкувана како симбол на “благодарност од народот кој големите сили го ослободуваат од лошиот диктатор”. Падот на статуата на ирачкиот претседател беше прикажуван на американските ТВ станици, буквално со денови без престан.

Но, “човекот со чекан” – на кој му помогна американски тенк при уривањето – денес открива дека жали за овој чин.

Kadom al-Jabouri in Baghdad, 2013“Го мразев Садам”, раскажува 52-годишниот механичар и поранешен кревач на тегови Џабури, кој има работилница за поправка на моторцикли во Багдад. “Со години сонував за тоа како ќе ја урнеме статуата, но тоа што следеше, беше големо разочарување”, изјави во интервју за британскиот весник Гардијан.

“Тогаш имавме само еден диктатор. Денес ги имаме стотици. Ништо не се сврти на подобро”, рече Џабури за неговата земја која денес е исполнета со политички проблеми, корупција, а убиствата се секојдневна појава.

Џабури за време на владеењето на Садам Хусеин поминал 11 години во затворот Абу Граиб, поради, како што посочува, “полу-политички причини.” И покрај тоа, жали за времињата пред американската инвазија. Разочарувањето дојде две години по американската окупација, истакнува, кога стана јасно дека работите во земјата нема да се свртат на подобро.

“Под Садам имавме сигурност. Имаше корупција, но ни приближно како денес. Животите ни беа заштитени и многу основни работи како електричната енергија и бензинот ни беа достапни. Две години по доаѓањето на американците не видов никаков напредок. Потоа почнаа убиствата, киднапирањата, секташкото насилство”,раскажува длабоко огорчениот Џабури.

За актуелната состојба во земјата ги обвинува американските и ирачките политичари. “Американците започнаа се, а потоа политичарите ја уништија земјата. Изгледа дека работите стануваат се полоши. Немаме иднина. Не додека актуелната политичка елита е на власт”, заклучи Џабури.

Денес, уривањето на статуата на Садам Хусеин во Багдад, се смета за еден од најдобрите примери на внимателно оркестрирана медиунска пропаганда – со овој чин се настојуваше на јавноста да и се прикаже, како војната да е завршена и “Мисијата извршена”.

На ова прашање, детално истражување направи новинарот Питер Маас за весникот New Yorker и заклучи дека уривањето на статуата – што всушност го урнаа американските војници, а не ирачаните – беше еден прилично незначителен настан во контекст на војната во Ирак, но од него беше создадена интензивна медиумска пропаганда, која всушност, дури и денес не стивнува и сцената често се користи како симбол на американското “ослободување” на ирачкиот народ.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија