Кадиров жив го закопал вицепремиерот на својата земја

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, жив го закопал вицепремиерот на својата земја, објави рускиот телеграм канал „ВЧК-ОГПУ“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Елхан Сулејманов наводно бил личен лекар на Кадиров, кого лидерот на Чеченија го обвини за влошување на неговата здравствена состојба, пишува германски Билд.

Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, наводно верувал дека бил отруен. Телеграм каналот „VChK-OGPU“ пишува дека неговите следбеници го убедиле во тоа. Неговиот личен лекар Сулејманов, кој беше и вицепремиер на Чеченија, наводно му давал одредени инјекции, а Кадиров верувал дека поради нив му се слошило.

Како резултат на тоа, Сулејманов беше разрешен од функцијата вицепремиер во текот на ноќта во октомври 2022 година. Официјалната изјава тогаш беше дека тој доброволно поднел оставка.

Се шпекулира дека оттогаш не е виден, додека каналот Телеграм наведува дека бил брутално убиен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО