Кадиров најави дека руската армија е пред градот Новодружеск

Од:

Борците на специјалната единица „Ахмат“ од Чеченија и вториот корпус на Народната милиција на ЛНР се приближиле до градот Новодружеск, изјави чеченскиот лидер, Рамазан Кадиров.

Според него, нивните сили работат на опкружување на украинската армија со цел да извршат притисок врз Лисичанск, пренесе Спутник.

Инаку, Новодружеск се наоѓа на осум километри од Лисичанск.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека руските сили влегле во Лисичанск, додека украинската армија претрпува големи загуби во областа на градот, пренесува РИА Новости.

Според извештаите, вооружените сили на Русија ја продолжуваат успешната офанзива во областа Лисичанск.

На 24 февруари Русија започна воена операција во Украина. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години беа изложени на геноцид од режимот во Киев“.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, вооружените сили на Руската Федерација на 25 март ги завршија главните задачи од првата фаза – значително го намалија борбениот потенцијал на Украина.

Главната цел на рускиот воен оддел сега е ослободување на Донбас, соопшти Министерството за одбрана. Заедно со руската армија, во регионот дејствуваат единици на ДНР и ЛНР.

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина