Кадиров ја отфрли мобилизацијата во Чеченија: „Веќе дадовме доволно војници“

Од:

Рамазан Кадиров, верен сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Како што рече тој во гостувањето во телевизиско шоу, Чеченија „го надмина планот за 254 проценти“.

„Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Вакви показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминаа преку Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од на самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација“, рече Кадиров.

Тој рече дека досега 20.000 Чеченци војувале во Украина и дека Чеченија ги исполнила сите планови.

„Покрај тоа, Чеченија има резерва од илјадници доброволци кои, доколку е потребно, ќе можат да се вклучат во редовите на бранителите на татковината“, рече тој.

Пред два дена во Грозни, главниот град на Чеченија се одржа мал протест против мобилизацијата. Кадиров им се закани на сите што ќе протестираат. Но, тој додаде дека чеченските мајки и сопруги можат да останат смирени, мислејќи дека нема да има мобилизација на членовите на нивните семејства.

„Затоа, го повикувам населението на Чеченската Република, особено нашите сакани и почитувани мајки, да останат смирени“, рече тој.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции против Русија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето