Инаугурацијата на папа Францис вчера во Ватикан го започна новото поглавје во историјата на Светата столица.
Не помалку значаен беше и распоредот на политичарите од светот кои присуствуваа на церемонијата.
Косовскиот премиер Хашим Тачи и покрај тоа што Ватикан се уште не ја призна независноста на Косово, беше во друштво на потпретседателот на САД Џозеф Бајден.
Случајно или не и премиерот на Албанија, Сали Бериша беше во непостердна близина на германската канцеларка Ангела Меркел, додека пак српската државна делегација имаше необично место за седење.
На клупата на која седеше претседателот Томислав Николиќ беше сместен и словенечкиот претседател Борут Пахор, поради што српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ и советникот Марко Ѓуриќ беа зад Николиќ.
Според официјални информации на инаугурацијата присуствувале 132 државни делегации.
Елена Георгиевска